2win800x200

Општина Битола со Водовод и Нискоградба започнаа со тампонирање на улиците во населбата Недопирливи

Ноември 15, 2023
Општина Битола заедно со ЈП ВОДОВОД И КЈП НИСКОГРАДБА започнаа со тампонирање на населбата Недопирливи, објави градоначланикот Тони Коњановски на својот Фејсбук профил.  
 
Според Коњановски,  Министерството за транспорт и врски повеќе од 4 месеци не може да избере изведувач за асфалтирање на населбата Недопирливи, односно за фазата коловоз, што е нивна обврска, а фазите водовод и канализацијата, што согласно договорот се обврска на Општината се веќе завршени од страна на јавните претпријатија.
На последната седница на советот на општина Битола од страна на советниците едногласно беа прифатени донациите на ЈП ВОДОВОД И КЈП НИСКОГРАДБА за тампонирање на населбата Недопирливи со цел времено решавање на проблемот на жителите во оваа населба.
 
Се надевам дека Министерството за транспорт и врски сериозно ќе ја сфати својата обврска и нема да врши понатамошни опструкции и час поскоро ќе се продолжи со следната фаза со цел улиците во населбата Недопирливи час поскоро да го добијат новиот современ лик.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани