МОН одзеде надлежност на Општина Битола за едно училиште, министерот Шаќири најави дека ќе има и други ако наставниците што ги исполнуваат условите не добијат решение на неопределно

Ноември 15, 2023

Министерството за образование и ги одзеде ингеренциите на Општина Битола за едно училиште ,а ќе бидат одземени и во други, каде не е извршена трансформација на работниот однос на наставници кои ги исполнуваат условите, соопшти министерот Јетон Шаќири. Додаде дека станува збор за над 10 просветни работници кои се отпуштени дома, наместо да бидат вработени на неопределно време. Апалираше Општина Битола да го почитува Законот за основно и средно образование и да ја спроведе трансформацијата

-Има просветни работници во Општина Битола кои работат подолго од 2, 3,4 5 години, а за нив од Комисијата на Општината се доставени предмети за трансформација на нивниот работен однос. Но, не знам од какви причини директорите на основните училишта, истите тие наставници кои ги имаат поминато сите потребни законски процедури за трансформација, веќе не се на работните места. Сите тие наставници кои беа досега на работа и ги исполнуваат критериумите за трансформација, да се вратат на работните места и да не се донесуваат одлуки со политичка позадина. Ако не се постапува јас ќе ги заштитам просветните работници и ќе ја одземам ингеренцијата на Општината, рече министерот за образование Јетон Шаќири.

Од Општина Битола велат дека неправедно им е одземена ингеренцијата во едно училиште за разрешување и именување на директор, а не поради трнасформација на работниото однос и го приложија решението од МОН за одземени надлежности во ОУ Александар Турунџев во село Кукуречани. 

решение12

За транспформацијата на работен однос, од Општината велат  дека на барање на МОН се прават анализи за бројот на ученици и паралелки во училиштата, за да се знае колку просветни работници се потребни.

„Во однос на барањата за трансформација на работен однос, општина Битола до Министерството за образование има испратено вкупно 68 барања и тоа 49 од основните училишта и 19 од средните училишта. Добиена е согласност за трансформација на работен однос од МОН за 49 работни места. На 16.05.2023 година, пристигнат е допис од МОН до Општина Битола со бр.12-5322/1, со што министерството ја известува општината, дека како една од десетте пилот општини, во следниот период ќе биде опфатена со активностите кои се дел од процесот за оптимизација на мрежата на основни училишта.Со цел да не дојде до создавање на технолошки вишоци, од страна на општината пристапено е кон спроведување на потребната анализа и целата документација е испратена до МОН, со резултатите според кои бројот на ученици во основните училишта во учебната 2019-2020 во општина Битола бил 7615, а во 2023/2024 е 7460. Исто така, во основните училишта бројот на паралелки е 256 со 4150 ученици во одделенска настава, што значи дека станува збор, просечно за 16 ученици во паралелка, а законскиот минимум е 20 ученици.Со ова, Општината во делот на својата надлежност, комплетно ги има завршено своите обврски, додека давањето согласност за трансформација на работен однос од определено на неопределено и спроведувањето на процесот на оптимизација е дел кој треба да го усогласи и одлучи Министерството за образование и наука, објаснија од Општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани