2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Претреси во Битола и Ресен, пронајдени оружје и муниција

Ноември 15, 2023

Денеска (15.11.2023) полициски службеници од СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција - Одделение за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола, поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот на К.Р.(41) во с.Штрбово, ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли различен калибар и поголемо количество на муниција, исто така, различен калибар. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Во импровизирана работилница во Битола, сопственост на Б.Г.(76) од Битола, биле пронајдени шест пушки (две ловечки, три воздушни и една импровизирана) и поголема количина на различни делови за оружје. Б.Г. е повикан на службен разговор во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани