2win800x200

Младинска асоцијација ИМКА Битола спроведува проект за менталното здравје на младите и децата

Ноември 22, 2023

 

Младинска асоцијација ИМКА Битола спроведува проект за менталното здравје на младите и децата, насловен како „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“.   Школата започна вчера и ќе трае цела учебна година.  

- Во втората половина на септември и октомври работевме на анимирање на образовните установи Битола со фокус на основните и средните училишта, како и факултетите. Исто така во овој период работевме на промовирање на отворените повици за проектов и регрутирање на основци, средношколци и студенти кои се мотивирани повеќе да научат за менталното здравје за себе и за своите врсници во поглед на препознавање на одредени состојби, но и како да се постапува во истите со цел да си помогнат себеси и на врсниците од околината, вели Виктор Илиев од  ИМКА Битола.
Можно е да е слика од 13 луѓе и текст
Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Delegation of the European Union, Skopje, а ја имплементира UNDP MK. Проектот е кофинансиран од Општина Битола - официјална страница Проектот е спроведуван од YMCA.mk во соработка со PORAKA NOVA и Центар за човекови права „Амос“ - Centre for human rights "Amos"
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани