2win800x200

И без закажан термин, битолчани можат да се сликаат за лични документи

Ноември 25, 2023

Службата за издавање лични документи во Битола работи и преку викенд, па граѓаните кои не извадиле или не ги замениле старите со нови лични карти, патни исправи или возачки дозволи тоа можат да го сторат без закажан термин, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека е дадена наредба во општините надвор од Скопје без разлика дали ќе се добие термин или не, граѓаните да можат да се пријават на шалтерите, да поднесат документи и да се фотографираат за да може постапката да тече побрзо.

Инаку во општина Битола околу 70 проценти од жителите ги замениле своите лични документи со нови.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани