Градоначалникот Тони Коњановски, во негово име и во име на Општина Битола, им го честита Христовото раѓање на припадниците на католичката вероисповед кои го слават празникот според Грегоријанскиот календар.
„Светлината на новото раѓање која доаѓа на денешиот ден, нека донесе радост, среќа, почит и спокој во сечија душа, во секое семејство и дом.
Нека
нѐ води вербата во Бога, како патоказ за подобро утре на сите луѓе, да создаваме подобра иднина, да оставаме напредок за нашите идни поколенија, со добра мисла и разум.
На денот на Христовото раѓање, заеднички да ја подигнеме симболиката на љубов во нашите срца, давајќи му ја пред се на ближниот. Ви посакувам топлина, љубов и спокој во Вашите домови.
Христос се роди! Среќен Божиќ!“