Денес попладне облачноста ќе се зголемува, особено во западниот дел од земјава, каде ќе има услови за краткотраен дожд.
Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 80 км/час). Ваквата состојба ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.
Од утре времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено.
Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.
Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти околу нулата.
Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.