АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на проектот #ЗНАЕШШТО кој го води Демокраси Лаб на национално ниво, денеска во соработка со МКЦ Битола се одржа дебата на тема заштита на животната средина и можностите кои ги нуди Европската унија на своите земји-членки при решавањето на слични предизвици.
-Проблемот со загдениот воздух во Битола е присутен веќе години наназад, посебно во зимскиот период, од ноември до фебруари, кога имаме енормно зголемени концентрации на ПМ честичките кои што штетно влијаат на здавјето на граѓаните. Според некои статистики уште од 2012 година, нотирано е дека во Македонја по тој однос предвремено се губат над 1300 животи годишно, со што сме на прво место по бројот на предвремно изгубени животи. Но, покрај проблемот со загедниот воздух, тука е проблемот со третманот на отпадните води, а сега има најава за изградба на пречистителна станица, останува да видиме кога во Битола ќе се реалзира овој проект, ја образложи состојбата во Битола, Мите Ристов, од регионалното географско друштво Геосфера.
Минитерот без ресор Зоран Шапуриќ, на оваа дебата посочи дека ЕУ нуди сериозна поддршка за решавање на еколошките проблеми, односно над 90 проценти од проектите ќе бдат финасисрани со помош на Унијата.
-Добро е што кај нас во последните години се зборува на оваа тема. Некои велат попусто е, јас велам не е. Тоа е задачата на невладините органазиации да алармираат за овој проблем, дури и кога за некои работи нема доволно докази, туку постои некој сомнеж. Патот до ЕУ не е лесен, но според искуствата на земјите кои станаа полноправни членки, видливи се придобивките за подобрување на заштитата на животната срдина, рече Шапуриќ.
Тој посочи дека Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ има добри резултати во пренесување на европското еколошко законодавство, но практичната имплементација е голем проблем.
-Кои се стандардите на ЕУ и што тоа би значело за Битола, од аспект на намалување на загадувањето на животната средина и што би требало ние да направиме да ги имплементираме тие стандарди, но и кои се бенефитите од тоа? Се знае во Битола кои се загадувачите. РЕК Битола треба да добие А еколошко дозвола, со која чекор по чекор перманентно ќе се намалуваат штетните емисии и супстанци, потоа перманентна контрола во согласност со еколошките стандради, потоа гасификација на Битола , изградба на пречистителна станица, а се надевам дека овој проект брзо ќе се реализра, постојана контрола на квалитетот на водите , третманот на отпадот, изградба на регионални центри за управување со отпад, каде 80 проценти од тој отпад би се селектирал, а мал дел би се депонирало. Сите мерки на долг рок треба да дадат резултати, но ако очекуваме тоа да се реши одма, тоа би било илузија, вели Шапуриќ.