АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
До 11 часот на гласачките места во Битола гласале 12 проценти од граѓаните со право на глас, потврдија од Општинската изборна комисија. Во Општина Новаци гласале 7, 2 проценти од гласачите, додека во Демир Хисар излезноста е 8, 7 проценти до 11 часот. Во Могила засега гласале 3,16 проценти од гласачите. Полека битолчани се будат, па раздвиженоста се чувствува и на гласачките места и низ градот. За разлика од утрово кога градот беше речиси празен, а пред гласачките кутии можеа да се забелажат само пензионери сега ситуација се менува од час во час.
На гласачкото место број 73 во Завод и музеј Битола, во моментов е раздвижено, битолчанката Наде Д. кусо коментираше,
-Има време денеска и за ајвар и за гласање!
Низ Широк сокак битолчани веќе се седнати на првото утринско кафе и муабет, а раздвиженост се чувствува и низ продавниците и градскиот пазар.
Во Македонија денеска се одржува референдум на државно ниво на којшто гласачите треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.