2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Протест на превозниците против изменетиот тарифник за превоз, се навредиле од изјавата за коруптивни договори до даска

Октомври 08, 2018

Со паркирање на автобусите на едната возна лента од булеварот „Први Мај“ каде се наоѓа и општинската зграда девет битолски превознички компании протестираа против најавените измени во тарифникот за превоз на ученици. Тие денес не ги возеа ни редовните линии на градскиот превоз. Превозниците велат дека новите цени им се економски неисплатливи.

 

„Никој не нè удостои од Општина Битола да ни каже како го утврдија тој тарифник. Можам да кажам дека ако била фактурата 120.000 денари месечно, сега треба да слезе на 30.000. Возам три линии во кои се шест возачи, три возила, дневно трошиме по околу 200 литри гориво. Новиот тарифник за нас не е исплатлив. Има села како Братиндол каде две деца се и за која пара ние четири пати во денот да одиме дотаму? Ние не сме ни СДСМ, ни ВМРО-ДПМНЕ, овде може има и од двете партии по свое убедување, но овде се работи за живот. Немаме пари плати на шоферите да им дадеме, леб дома да однесеме“, вели Пеце Стојчевски од „Лука експрес“.43534303 1912956109013957 8705933721565396992 n

Превозниците се жалат дека месечниот билет од 600 денари ќе значи да возат во еден правец за 12 денари, што е неисплатливо во услови кога растат цените на горивото.

„Тука се работи за недоволен број патници. Во селските линии немаме ни еден патник. Селските линии беа оформени за да им излеземе во пресрет на учениците за бесплатниот превоз. Ни еден друг патник не влегува во автобусот. Во градскиот превоз има нелојална конкуренција, односно диви таксисти. Од претходно имаме големи ненаплатени побарувања“, рече Лидија Мицевска од „Хера турс“.

Иако меѓу компаниите кои протестираа има и обвинети во случајот „Транспортер“ на СЈО, превозниците велат дека се навредиле од изјавата на градоначалничката Наташа Петровска оти имало коруптивни договори до даска. 43360716 2068543276511089 8657207815808483328 n

„Повредени сме оти постојано се споменува корупција, а не знаеме кој е корумпиран. Нека имаат смелост да кажат кој е корумпиран. Нас сите нè фатија, но нека ги земат цедињата од јавното обвинителство и нека проверат која фирма има плус или минус фактурирано и сите да нè ги ставаат во ист кош“, рече Новка Димовска од „Хера превоз“.

Протестот беше организиран еден час пред почетокот на седницата на Совет на која требаше да изгласаат промените во тарифниците. Уште утрото пред протестот од Општина Битола преку писмено соопштение јавија дека точката од дневен ред на седницата на Советот е повлечена. Од таму велат дека на 5 октомври попладне превозниците доставиле писмо со кое ги информирале дека денес ќе имаат протест во периодот од 9 до 11 часот, не споменувајќи дека изутрина нема да ги возат учениците и останатите патници.

„Во текот на вчерашниот ден во функција на отвореност на Општината, беа информирани дека точката од дневен ред ќе биде повлечена. Дополнително, утрово истото им беше потврдено на е-адресите на превозниците. За жал, нивниот избор беше сепак да не возат. Од овие причини, сметаме дека денешниот протест на превозниците е непотребен и неоснован и останува нејасно прашањето кој е мотивот за ваквото однесување на превозниците“, соопштија од Општина Битола.

Во однос на изјавата за коруптивните договори до даска, од Општина велат дека не се однесувале на сите, а Петровска во изјавата јасно потенцирала дека во изминатиот период одредени поединци, но и политички структури дебело се нафатирале на грбот на учениците. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани