АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициските синдикати и граѓани од Битола со протестен марш застанаа во одбрана на битолскиот полицаец Гоце Петковски кој Кривичниот суд во Скопје го осуди на една година затвор за прекумерна употреба на сила во случајот на Невзад Јашаровски од Битола. Колегите и учесниците во протестот сметаат дека казната е превисока и бараат ослободителна пресуда за Петковски
-Сето тоа што се случуваше, сето што го видовме на снимки, говори дека само ослободитлена пресуда е пресуда која ќе биде правична и Гоце ќе треба да си продолжи со работа и да ги штити граѓаните. Ова е предупредување да размислат судиите како ќе судат, бидејќи ги претераа сите мерки, ги пречекорија сите норми. Не може некој за убиство на човек да биде осуден 6 или 7 месеци, а некој поради ништо на една година затвор. Во Битола се обединуваат сите синдикати и отпочнуваме една сериозна синдикална битка затоа што ни е дојдено преку глава, рече Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот полициски синдикат.
-Со ваквта пресуда и изреченат драконска казна се доведува во опасност моментот на идните интервенции на полицијата, се доведува во прашање иднината не само на Гоце Петковски како човек и полицаец туку на сите полициски службеници на кои веќе им е изречена слична казна и оние кои чекаат судска разрешница за истите обвиненија.али за судот е доказ за изрекување на ваква драконска казна напад на полициски службеник пред очите на Гоце Петковски? Дали за судот е доказ заканата по живот упатена кон полицискиот службеник од страна на наводно оштетениот? Физичкиот напад врз медицинско лице доктор повикан на лице место? Дали за судот е доказ нападот лично кон Гоце од страна на наводно оштетениот? Насилното одземање на гумена палка од појасот на Гоце од страна на наводно оштетениот? Дали е доказ кога со неа го нападна Гоце и со тоа се створиле услови за користење на физичка сила предвидена со уредба за употреба на средства за присилба? Дали е доказ дека покрај обидите на Гоце да му ја одземе гумената палка, тој дал активен отпор и продолжил со удари кон полицискиот службеник, рече претседател на синдикална Никола Кирковски, синдикана органзиација на Синдикат на полиција.
Од независниот синдикат на полицијата најавија дека ќе покренат иницијатива за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка за полициските лица вработени во МВР и затворите да не се гонат како за организиран криминал.
-Од понеделник независните синдикати при конфедерацијата на синдикални организации на Македонија ќе поднесат измени и дополнувања на Закон за кривична постапка каде што овластените лица во редот на полицијата вработени во МВР како и затворската полиција да се избрише членот каде што припадник на безбедноста ќе се гони во делот на организиран криминал. Ние бараме да се води редовна постапка како за сите граѓани. Секој што направил злоупотреба да се казнува по кривичен законик како и останатите граѓани, рече Горан Ристевски од Незвисниот синдикат на затворска полиција и администрација
Настанот се случи лани во септември во Битола кога обвиентиот полицаец при обезбедување на место на сообраќајна несреќа, го совладал Невзад јашаровски го турна на земја и го удираше со клоци и тупаници по главата и телото. Јавноста дозна за полициската бруталност по објавување на аматерски видео клип направен со мобилен од слуачен минувач. Јашаровски по пресудата на Кривичниот суд, најавува граѓанска тужба за надомест на штета поради повредите кои му се нанесени
По настанот, Одделот за внатрешена контрола до Обвинителството поднесе кривична пријава против Гоце Петковски, а тој заедно со колегата беше суспендиран од работното место. Судот констатираше дека полицаецот употреби прекумерна сила и го понижи Јашаровски. Пресудата доаѓа по 8 рочишта, а Судот го отфрли барањето на одбраната на полицаецот да се земе предвид и агресивноста на Јашаровски
Оваа пресуда е меѓу првите каде се изрекува ефективна казна затвор за полициски службеник за прекумерна употреба на сила, а досегашната судска пракса покажува дека за вакви дела е изрекувана најмногу условна казна.