2win800x200

Обилните дождови годинава доведоа до помало производство и поскап мед

Октомври 12, 2018

Обилни дождови оваа пролет и лето доведоа до помало производство и поскап мед, се пожалија  производителите на мед на годинешната меѓународна манифестација “Денови на македонското пчеларство“, што деновиве се одржува во Битола, во организација на пчеларското здружение „Нектар“ од Битола. На манифестацијата која се одржува на плоштадот Магнолија учествуваат триесеттина  производители на мед од Македонија, како и соработници на националниот Сојуз на пчеларските здруженија од Србија, Црна Гора, Албанија и од Грција. Целта на овие манифестации е да се привлечат младите  луѓе да се занимаваат со пчеларство, но во исто време медот и пчелните производи да станат секојдневна навика кај македонските потрошувачите. Годинава 350 денари чини  килограм мед, а органскиот  мед се продава и по цени над  петстотини денари.

-Најголем проблем се климатските промени и годинава, неколку недели не прекина да врне, баш во периодот кога требаше најобилно да се бере медот и тоа беше главен проблем за годинава- вели Никола Крстевски, пчелар од Битола.

Според податоци на битолското пчеларско здружение „Нектар“, во Пелагонија има околу 15.000 пчелни семејства за кои се грижат над 400 пчелари.

-Натчовечки напори правиме да ги одржиме во живот пчелините семејства и само се надеваме, ако не оваа година, си велиме другата, меѓутоа мора да работиме пчелините семејства да останат во живот и да бидат во кондиција- вели Методија Трајковски, претседател на Здружението на пчелари “Нектар“ од Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани