С О О П Ш Т Е Н И Е од Водовод Битола
За рационално користење на водата за пиење
ЈКП Водовод Битола ги информира граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците.
Во овој период се планираат исклучувања на бесправно поврзаните корисници на водоводната мрежа. ЈКП Водовод Битола апелира да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби.
Секоја злоупотреба за нерационално користење на водата и сите иматели на диви приклучокци, ќе сносат одговорност и кон нив ќе биде покрената соодветна пријава.
Исто така ги информираме граѓаните кои живеат во висококатници да ги користат своите хидрофорски постројки.