
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изборот на новиот Извршен комитет на партијата, сега објави и јавен повик за кандидирање на нови раководства во општинските комитети. На огласот стои дека нови раководства ќе се бираат и во пелагониските општини Битола, Могила, Новаци, Ресен, Крушево, Демир Хисар... Во изминатите пет години ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола го води Пеце Милевски, кој е актуелен пратеник. Во мандатот на Милевски зеадно со градоначалникот Тони Коњановски издвојувани се две победи на локалните избори во 2021 и 2025, а ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година победи на претседателските избори со убедлива победа во гласови за кандидатката, сега претседател на државата Гордана Силјановска - Давкова и листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бидејќи изборите беа двојни, претседателски и парламентарни. Останува да се види кој се ќе покаже апетити за лидерската позиција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Во колуарите се зборува дека има лоби групи од партиски и државни функционери кои имаат аспирации да раководат со Општинскиот комитет во Битола. Се зборува дека и жена има намера да ги води битолските членови на ВМРО-ДПМНЕ, што ако успее во намерата ќе биде за прв пат во историјата на Општинскиот комитет во Битола, партијата да биде во рацете на понежниот пол. Инаку пред Милевски, ОК го водеа Иванчо Тошевски актуелен директор на НП Пелистер, Борче Димитровски актуелен секретар на Општина Битола и поранешен директор на Центарот за култура, Зоран Илиоски поранешен пратеник, Јовко Крстевски поранешен директор на РЕК Битола, Златко Милошевски екс градоначалник, Владимир Талески поранешен градоначалник, Љупчо Бошевски поранешен директор на Стрежево, Зоран Коњановски актуелен директор на производство на АД ЕСМ и поранешен министер. Всушност овие имиња го водеа ОК Битола во последните две децении, до денес.
Анета Блажевска
