Денеска е усвоен "Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка" , објави пратеникот Пеце Милевски од Битола.
-Измените беа донесен на предлог пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по иницијатива на општина Битола, со поддршка на ЗЕЛС, наведува Милевски..
Продолжувањето на рокот НЕ овозможува поднесување на нови барања за постапување со бесправно изградени објекти.
"Почитувани граѓани, се менува рокот за примена на одредбите од законот, така што истиот се продолжува за уште пет години, односно наместо март 2026 година истиот да продолжи да важи заклучно со 3 март 2031 година.
Ова е од причини што во општините се пристигнати голем број на барања и продолжувањето на рокот се бара со цел да се овозможи постапките кои сеуште се водат пред општините како надлежни органи да се завршат со донесување на правосилни управни акти, образложува Милевски.
