2win800x200

Средношколците од Државното музичко училиште свиреа за Сара

Октомври 31, 2018

Средношколците од Државното музичко училиште во Битола денеска после пладне, одржаа мини концерт со композиции од класична музика пред „Веро“ на Широк сокак  вклучувајќи се во хуманитарната акција за лекување на  Сара Настеска. Битолчани изненадени од гестот на учениците донираа за лекувањето на девојчето.

 Средствата собрани на овој настан ќе бидат донирани за лекување на  Сара, 15 годишното девојчето од Охрид, на кое итно и е потребна трансплатација на коскена срж.45063144 357529221458508 7300419340535332864 n

-Голема благодарност до сите хумани луѓе кои помогнаа успешно да ја реализираме акцијата. Средствата се уплатени, велат учениците од Средното државно музичко училиште во Битола.

Професорите задоволни од постапката на своите ученици напишаа - нашите ученици уште еднаш покажаа дека музиката и хуманоста не познаваат граници. Среќни сме што идеата да се помогне, да се спаси еден детски живот, произлезе од децата!45114096 2101450719875002 4516084607673696256 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани