АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како круна на едногодишната работа, вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола, се одржа годишниот концерт на Државното музичко училиште од Битола. Концертот го отвори настапот на средношколскиот хор под диригентска палка на проф. Лилјана Трајковска Димевски, исполнувајќи ја „Не ме тажи мајко“ од Т. Прокопиев.
На концертот следеа дваесет точки од ученици од второ одделение во Нижото музичко училиште, па се до четврти клас средно образование. Настапија Стефан Митревски, Марта Јовановска, Горазд Наумов, Илијана Серафимова, Андреј Илиоски, Емилија Богоевска, Ѓорѓи Димовски, Санела Шукриевска и Љубица Здравковска од нижото училиште. Додека од средното музичко училиште се претставија Дарко Кулевски, Злата Даниловска, Ирини Хилари, Бојан Димитровски, Ердал Ајдаровски, Александра Гическа, Виктор Зеканович, Бојан Шапкоски, Дамјана Апостоловски, Христина Трајкоска, Анастасија Гичевска, Ангела Димковска и Филип Наневски.
Најголем дел од учениците што настапија оваа година беа наградени со прва, втора или трета награда на државни и меѓународни натпревари во Македонија и Србија. Исполнија дела од различни жанрови и автори за што добија силни аплаузи од присутните. Годишниот концерт го следеше и градоначалничката Наташа Петровска.
Битолчани одамна навикнаа Државното музичко училиште да е на врвот во Македонија по својот квалитетен кадар и талентираните ученици.