АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Клиничката болница Битола започна со реализација на проектот HEALTH -INFO добиен од програмата IPA CBC за меѓугранична соработка на Македонија и Грција финансиран од ЕУ. На овој состанок во Солун присуствуваа директорот на Клиничка болница Битола Др.Зоран Лазаров заедно со стручниот директор Др.Александар Димовски каде беа договорени проектните активности.
Клиничката болница од Битола преку овај проект ќе набави дигитален мамограф во вредност од 120.000 евра, дијагностичка опрема која подолго време е дефицитарна во болницата.
„Дигиталниот мамограф очекуваме да пристигне во првата половина на 2019 година. Во склоп на програмата ќе се реализира скрининг на одредени целни групи на пациентки за превенција од карцином на дојка и карцином на матка. Планираме да бидат одржани и едукативни семинари како за општата популација така и за локалните доктори во врска со потребите и бенефитите од ваквиот скрининг“, соопшти Сузана Конеска, портпарол на Битолската болница.