Како за една минута да стигнете до поголем промет

Јули 10, 2026

Како за една минута да стигнете до поголем промет

Една минута не звучи како многу. За толку време едвај успеваме да одговориме на една порака или да испиеме неколку голтки кафе. Но, кога сте претприемач, една минута може да биде почеток на нешто многу поголемо. Толку приближно трае инсталацијата на Soft POS решението - апликација што обичниот мобилен телефон го претвора во уред за бесконтактно прифаќање плаќања со картички.
Благодарение на новата програма „Вредноста на безготовинските плаќања Битола“, која компанијата Visa ја реализира во соработка со Министерството за дигитална трансформација, ХалкБанк и NLB Банка, малите претприемачи во Битола сега можат да прифаќаат плаќања со картички без почетни инвестиции и да го направат првиот чекор кон помодерно работење.
Без дополнителна опрема, без комплицирана инсталација и без долго чекање. Потоа, секој купувач што сака да плати со мобилен телефон го добива токму она што денес го очекува – брз, едноставен и безбеден начин на плаќање.
Можеби тоа изгледа како мала промена, но Visa Pulse* истражувањето на компанијата Visa покажува дека речиси секое второ претпријатие што вовело дигитални плаќања бележи пораст на бројот на купувачи, а 85 проценти од тие бизниси потврдуваат дека оваа одлука им донела поголема вредност и поголем профит.
Ваквите промени се особено важни за град како Битола. Град кој со векови бил трговски центар, денес привлекува сѐ повеќе посетители од регионот и од светот. Тие доаѓаат поради Широк Сокак, богатата историја, гастрономијата и автентичните локални производи. Но, нивните навики се разликуваат од навиките на купувачите од пред десет или дваесет години. Сѐ почесто со себе носат само мобилен телефон или платежна картичка и очекуваат да можат да платат на начин што најмногу им одговара. Кога тоа не е можно, најчесто не одат до најблискиот банкомат – едноставно се откажуваат од купувањето.
Токму затоа Visa, заедно со своите партнери, ја започна програмата „Вредноста на безготовинските плаќања“, наменета за микро, мали и средни претпријатија. Целта на програмата е едноставна – дигиталните плаќања да станат достапни за секој претприемач, без почетни трошоци и без сложени процедури.
Сто избрани бизниси ќе добијат Soft POS решение што овозможува прифаќање плаќања со картички преку мобилен телефон, без надоместок за одржување и без провизија по трансакција во првите три месеци. Дополнително, ќе добијат и Visa Business Debit картичка без годишна членарина во текот на првата година. Пријавувањето е отворено до 31 август годинава, а заинтересираните компании можат да се пријават директно во експозитурите на ХалкБанк и NLB Банка.
За многу претприемачи, најголемата вредност на оваа програма нема да биде самата технологија, туку можноста повеќе ниту еден купувач да не си замине затоа што немал готовина во паричникот. Секоја успешно реализирана продажба значи нова препорака, нов задоволен гостин и поголема веројатност повторно да се врати.
Битола отсекогаш знаела да се развива во чекор со времето. Некогаш низ нејзините улици минувале трговци и каравани, а денес по нив шетаат туристи од целиот свет. Затоа, токму сега е вистинскиот момент за бесплатна дигитална промена што чекори во ритамот на современиот свет.

* Истражувањето Visa Pulse е спроведено во мај 2025 година во Северна Македонија, преку интервјуа лице в лице со 250 сопственици или менаџери на мали и микро претпријатија, на тема прифаќање дигитални плаќања.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани