АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Регионалната манифестација „Тракторијада“ 2018 се одржа денеска во Битола. Целта на манифестацијата е да се мотивираат заинтересираните страни за нови пристапи кои ќе понудат разновидност на економските активности, примена на кративни пристапи за нови форми на производство, ангажман на локална работна сила и одржлив развој на заедницата.
Вообичаено тракторијадата се организира на отворен простор, но заради ниските температури, настанот се одржа во конгресната сала на СИНПЕКС Битола.
На денешниот настан учествуваа 14 учесници, компании и поединци чија дејност некако е поврзана со земјоделството.
„Овие манифестации се позитивно оценети од страна на земјоделските стопанства, затоа што нудат можност да се промовират со своите активности, новитети и технологии. Исто така може да ги видат можностите кои ги нудат не само европските туку и македонските фондови. Битно е тоа да го направат оти има институции кои помагат во насочувањето и советувањето, како што е од една страна здружението Зелена берза а друга е АПРЗ која има можност да го советува земјоделецот. Тука се и други институции кои нудат можности кои не се директно поврзани со земјоделството“, изјави Петар Андонов претседател на еколошкото друштво Молика.
Ваквиот тип на средби ќе обезбеди неопходни информации и насоки за преземање на подготвителни мерки за иницирање на пристап кон руралниот развој, што е неопходно на патот за приближување кон стандардите и политиките на ЕУ.
Организатор на манифестацијата е Движење за околината МОЛИКА од Битола, а во соработка со Здружение за едукација на земјоделци Зелена Берза и СИНПЕКС ДОО Битола . Настанот финансиски го поддржа Министерството за земјоделство шумарство и водостопнаство преку програмата за рурален развој.