АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Регионалната дирекција на УЈП со седиште во Битола соопшти дека досега во системот на e-pdd и само на подрачјето на општина Битола регистрирани се 33.430 граѓани.
Регионалната дирекција на УЈП-Битола која е со надлежност и на подрачјето на општините Охрид, Струга, Ресен и Демир Хисар, досега регистрирала 79.720 граѓани, а со регистрации ќе продолжи и утре во терминот од 8 до 14 часот.
Од Управана за јавни приходи информираат дека со оглед дека од оваа обврска се изземени физичките лица кои се приматели на пензија од Фондот за пензиско и здравствено осигурување на Република Македонија, останува уште мал процент на граѓани кои треба да се регистрираат.
Со оглед дека истекува крајниот рок за регистрација во системот е-Персонален данок, од УЈП ги известуваат граѓаните дека и утре, сабота, Регионалните дирекции на УЈП во Скопје , Струмица, Тетово, Битола (Охрид, Струга, Ресен и Демир Хисар), Прилеп и Штип ќе бидат отворени од 08.00 до 14.00 часот.