Webp.net gifmaker

Две нови возила за собирање на комунален отпад за Демир Хисар и Крушево набави Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

Јануари 22, 2019

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави две нови возила за собирање на комунален отпад за општините Демир Хисар и Крушево. Проектот се реалзира во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој

-Со овие нови возила за собирање на комунален отпад се придонесува кон заштитата на животната средина во овие општини, а индирекно и во целиот Пелагониски регион. Возилата поседуваат технички карактеристики приспособени на потребите на комуналните претпријатија на општините Демир Хисар и Крушево и се во согланост со европските стандарди за извршување на комунални услуги, посочи Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Крушево досега немаше возило за собирање на комуналниот отпад.

-Отпадот во Крушево досега се собираше со трактори, а набавката на возилото за едно вакво туристично место е исклучително важно, затоа што станува збор за елементарни потреби и услуги за граѓаните. Сега собирањето на отпадот ќе се извршува на поквалитетен начин. И понатаму посветено ќе работиме на решавање на проблемите кои се таложеле со години, изјави заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, кој додаде дека годинава преку Програмата за рамномерен регионален развој за општините се обезбедени 7 милиони евра, што значи двојно повеќе пари е од претходната година.

Вкупната вредност на проектот за набавка на возилата за комунален отпад  изнесува 6.063.666,00 денари од кои 5.457.298,00 денари се средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на БРР а општините Демир Хисар и Крушево кофинасираат во проектот со по 303.184,00 денари

vidimce5

vidimce 1

vidmice3

vidimce2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани