2win800x200

Продолжуваат сообраќајните контроли на СВР-Битола

Јануари 22, 2019

Сообраќајната полиција продолжува со контроли на возачите на територијата на Општина Битола.

Во текот на вчерашниот ден, полициските службеници откриле тројца возачи кои  управувале со нерегистрирано возило, а едно лице управувало без возачка дозвола. Шест возачи не користеле сигурносен појас, а три други возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило.

За неправилно паркирање изречени се 7 мандатни казни, а опоменати се три лица.

Со возилото „пајак“ подигнати се 4 возила. При контролата откриени се и други 10 видови прекршоци.

На 25 возачи им се изречени мандани казни, а на пет возачи им се изготвени прекршочни налози.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи-Битола,  во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни незгоди во Битола, од кои во едната три лица се здобиле со телесни повреди, а другата е со материјална штета, информираат од СВР Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани