2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СВР Битола викендов изврши контрола на 1155 возила и возачи

Февруари 04, 2019

Шеснаесет возачи возеле под дејство на алкохол за време на изминатиот викенд и истите биле исклучени од сообраќај, додека 24 лица управувале без возачка дозвола. Тринаесет  возила биле технички неисправни, а пак 84 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената.

Сообраќајната контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство на минување, исправност на возилата,  појас, светло, алкохол била спроведена во  сите полициски станици на СВР Битола  на 1155 возачи и возила.

За неправилно паркирање издадени се 25 мандатни налози, а писмено опоменати се 20 возачи.

На 42 возачи,  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 25 прекршочни налози. Исто така при контролата биле откриени и други 56 видови останати прекршоци, а биле издадени вкупно 152 мандатни платни налози и 63 платни налози.

Инаку, на територијата на СВР Битола викендот се случиле четири сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со телесни повреди.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани