2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Обиди да се подмитат гласачи со храна

Октомври 29, 2017

Пред избирачкото место 193 во село Радобор, во општина Могила, полицијата запре возило и при проверката во багажникот пронајде прехранбени продукти и шишиња со зејтин, јавува ЦИВИЛ – Центар за слобода.

 

Активистите на еден кандидат за градоначалник на Општина Могила, по разговорот со полицијата беа пуштени да си заминат со предупредување повеќе да не се движат низ општината и да не им делат прехранбени продукти на жителите, пишува Цивил на својата интернет страница.

Дознаваме дека и низ малски колонијали на битолски Баир забележано е дека едни исти лица купувале поголема количина на пакувана вода, сокови и банани. Каде оваа храна завршила нема точни податоци. Продавачи коментираат дека сигурно не се работи за погреби и редови зашто тогаш намирниците се купуваат претежно од магацини каде се поевтини. За свадби пак, набавуваат рестораните. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани