АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лицемер, оваа квалификација ја доби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски при посетата на Битолскиот пазар, од директорот на ЈП „Пазари“, Владе Атанасовски.
На Фејсбук профилот, Атанасовски ја искритикува посетата на опозицискиот лидер и средбата со пазарџии обвинувајќи дека токму неговата партија давајќи го Новиот пазар десет години под концесија нанела штета врз работењето на ЈП „Пазари“.
-Лицемерот Мицкоски денес го посети пазарот во Битола. Човекот чиј пријател Владимир Талески, 12 години го уништуваше градот и нашето претпријатие, денес се прошета низ тезгите во пазарот.
Притоа заборави да каже дека неговата партија и неговите послушници, десeт години го издаваа Новиот пазар на приватен концесионер, и нанесоа огромни финансиски загуби за jавното претпријатие.
Исто така, пратениците од неговата партија иако беа уредно поканети на Kомисијата за економски прашања, не дојдоа и не дадоа поддршка за одлагање на Законот за зелени пазари и наоѓање на подобро решение прифатливо за сите, а најмногу за пазарџиите, напиша Атанасовски.