2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Почина Крсте Крстевски- Крцул, фудбалски судија од Битола, судел повеќе од сто натпревари

Април 18, 2019

На 79 годишна возраст почина Крсте Крстевски – Крцул, познат битолски спортист и фудбалски судија. Според книгата „Значајни личности на Битола“, Крстевски спаѓа во редот на сестраните битолски спортисти со освоени бројни државни титули во повеќе спортски дисциплини. Најголема љубов му беше фудбалот на кој му посвети цели 52 години од својот живот, како фудбалски судија од сите рангови и фудбалски делегат.

 

Спортската кариера ја започнува во раната младост, а во 1958 г., иако сосема случајно, го освојува првото место на првата ноќна трка во Прилеп на 1500 м. Потоа учествува на сите ноќни трки во Битола, Штип, Скопје и Велес и е меѓу иницијаторите за формирање на Атлетскиот клуб „Олимпија“. Истата година станува член и на Македонската репрезентација, а на Купот на Републиката на 800 м. постигнува време што тогаш е незамисливо - 2, 02 секунди. Во 1963 г. со скршено рамо го освојува првото место на Републичкиот натпревар во Сарај - Скопје, на 400 м. со пречки.

Фудбалската кариера ја започнува во фудбалскиот клуб „Пелистер“ - Битола. Со фудбал се занимава од 1957 до 1964 година, а потоа целиот свој живот да го поминува како фудбалски судија и делегат. Во 1958 г. станува најмлад фудбалски судија на Југославија, а истовремено го положи и испитот за републички ракометен судија. Суди на над 100 натпревари низ цела Југославија. Под негова контрола судиските испити ги положуваат над 400 судии. Паралелно со активностите на теренот извршува и повеќе функции. Повеќе години е претседател на Судиската организација на Македонија. За своите активности добитник е на бројни признанија и награди меѓу кои и трофејната златна плакета на ФСЈ и ФСМ, како и признанија од СОФКА Битола и ОФС Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани