2win800x200

Едвај тројка за училиштата од просветните инспектори, само шест добија четворка

Мај 06, 2019

Со оценка 2,77 просветните инспектори го оцениле квалитетот на воспитно-образовниот процес во македоските училишта. Ова стои во последниот извештај на Државниот просветен инспекторат, кој се однесува на квалитетот на наставата во основното и во средното образование.

 

Вакви извештаи инспекторатот подготвува еднаш годишно, за секоја измината учебна година. Оценката се дава по претходна проверка на наставните планови и програми, постигнувањата на учениците, учењето и наставата, поддршката на учениците, училишната клима и односи во училиштето, а се оценува и врз оснва на ресурсите, како и управувањето и раководењето со училиштето.

Оценките се добиваат преку т.н. процес на интегрална евалуација. Изминатата учебна година направени се вакви евалуации во 161 училиште во државата, од кои само шест се оценети со највисоката оценка „многу добар“. Сто и седум училишта добиле оценка тројка, а 48 биле оценети со „делумно задоволува“ Овојпат нема училиште кое е оценето според индикаторите за квалитет на работа на воспитно-образовните установи, е на ниво „не задоволува“. Во просек, нивото на работа на воспитно–образовните институции е 2,7.

Како слаби страни, во извештајот наведени се наодите дека училиштата не работат на подобрување на постигањата на ученците, нецелосно реализират ученички екскурзии, а слободните часови и проектни активности не ги прошируваат знаењата на учениците.

– Констатирано е дека во училиштата не прават разлика спрема учениците од различна полова и социјална припадност, навремено изготвуваат анализи за постигањата на учениците, но добиените резултати од тие анализи не се користат за подобрување на процесот на учење и работата на наставниците и за подобрување на постигањата на учениците. А истата констатција како слаба страна се најде и во минатогодишниот извештај – забележал Томе Спировски, директорот на инспекторатот, кој е еден од авторите на извештајот.

Во извештајот стои дека регистрирани се мал број и неактивни училишни спортски клубови. За учениците со посебни образовни потреби при изготвување на планирањата во инклузивните тимови кај поголемиот број училишта не се почитува процедура за вклучен родител. Не се реализира доволно ниту додатната настава.

„Во сите воспитно–образовни установи воспитно-образовниот процес го планираат согласно наставните планови и програми. Ако дополнителната настава ја реализираат во определена мера, во најголемиот број училишта додатната настава е слаба страна. Училиштата ја почитуваат законската процедура при изрекување на педагошки мерки и при премин на ученици. На ниво на сите основни училишта е утврдено дека не се користат стандардизирани тестови за упис на деца во прво одееление, со цел да постои усогласеност и упис под исти услови и критериуми“, пишува во извештајот.

мета.мк

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани