АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Испраќањето картички по пошта се враќа во мода, барем кога се во прашање уметниците. Доказ за тоа е изложбата на поштенски мејл арт картички пред Јени Џамија во Битола, како дел од 18. издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ –Битола.
„Станува збор за уметничка кореспонденција по пошта. Уметниците од целиот свет создаваат уметнички дела на картички со димензии да може да се испратат и по е-пошта, но сепак, картичките да бидат и со димензии за да се стават во плик и се праќаат единствено по пошта. Така комуницираат меѓу себе многу уметници и другите љубители на уметноста ширум светот“, рече Маја Ангеловска од МКЦ.
Изложбата овој пат беше посветена на таткото на современата астрономија Галилео Галилеј.
„ За уметничката кореспонденција мелј арт изложба на тема 500 години од раѓањето на Галилео Галилиеј се јавија уметници од сите континенти. Повеќе од 40 картички рачно изработени, секоја уникатна сама по себе, доставена во нашата земја на оваа тема. Сите картички се стигнати по бавна пошта, со поштенски маркици и печати на нив, видливо е од кои земји пристигнале и од кои уметници се изработени“, додаде Ангеловска.