АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Десетина настани распределени од 27 јуни до 21 август се подготвени за овогодинешното издание на Културно-забавното лето Новаци 2019.
Манифестацијата свечено ќе биде отворена утре со настап на атрактивната Сузана Гавазова, учесникот на звездите на Гранд, Ален Хасанович и група Молика Оне Бенд. Организатор на манифестацијата е Пикси студио, а покровител Општина Новаци.
-Културно забавно лето-Новаци 2019 придонесува за збогатување на културно-забавниот живот на сите генерации граѓани како и збогатување на туристичката понуда на Општина Новаци, за што се планирани и повеќе настани. Затоа ги повикувам сите граѓани не само на Општина Новаци туку и од соседните општини во Пелагонија, утре сите заедно да го означиме стартот на овогодинешното културно лето, изјави на денешната прес конференција градоначалникот Љубе Кузманоски.
Организаторот нуди забава , песна и ора , театарска претстава, детски блок и други содржини кои ќе се одржуваат на повеќе локации низ општината.
-Програмата е посветена токму за граѓаните од најмали до најголеми и сигурен сум дека ќе уживаат ова лето, рече организаторот Благојче Стојановски-Пикси.
Овој концепт останува бидејќи минатата година се покажал успешен вели портпаролот на Општина Новаци Петар Велјановски . Според него лани петнаесетте настани ги посетиле преку 3 илјади посетители, а имало и преку 25 илјади прегледи на настаните на социјалните мрежи.
-Бројките од лани ни укажуваат на тоа дека заинтересираноста за манифестацијата е голема, очекуваме и оваа година посетеност пред се заради квалитетот на настаните. Се што правиме е во дослух со граѓаните, и затоа и оваа година ги прошируваме настаните во други населени места, рече Велјановски.
Општина Новаци за Културно-забавното лето Новаци 2019 издвои 946 000 денари.
ПРОГРАМА ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ-ЈУЛИ-АВГУСТ
27.06.2019. СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ –“ЅВЕЗДЕНА ФОЛК И ПОП ВЕЧЕР”
21:00 Ч. со Сузана Гавазова , Ален Хасанович, група Молика Оне Бенд и водител
Ване Маркоски –канал 5 , Двор на општина Новаци
_________________________________________________________________________
07.07.2019. Хумористична театарска претстава “ТАА РЕЧЕ ДА!”
21:00 ч. со Драмско студио СОЛЗА И СМЕА,
Локација- Двор на општина Новаци
________________________________________________________________________________________
14.07.2019 . “ЕТНО КОНЦЕРТ НА КОЊАРКА”
12:00 ч со група Рудина , група Ѓердан ,Ирена Спасовска и Марјан Коцев
Локација-Излетничко место на река Коњарка
_________________________________________________________________________________________
16.07.2019. “ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ ТРА-ЛА-ЛА “
21:00ч Модна ревија за деца и Модна ревија за млади
Локација-Двор на општина Новаци или општинска сала Новаци
_________________________________________________________________________________________
28.07.2019. “ ВЕЧЕР НА ТРАДИЦИОНАЛНА МУЗИКА И ИГРА”
21:00Ч со Интернационални ансамбли
Локација-Двор на општина Новаци
_____________________________________________________________________________________
29.07.2019. “РАЗИГРАНА ОПШТИНА НОВАЦИ”
21:00ч Фолклорен караван во 6 населени места –Далбеговци –Г.Агларци-
Живојно-Бач-Гермијан од 19ч со централен настан во Новаци од 21ч
Локација-Двор на општина Новаци
____________________________________________________________________________________
01.08.2019. “ИЛИНДЕНСКИ КОНЦЕРТ ВО ГРАДЕШНИЦА”
11:00Ч Концерт со Благоја Грујовски
Локација-Двор на Манастир СВ.Илија
19:30ч Јубилеен Етно-концерт на здружение НЕТОП
Локација-Средсело с.Градешница
20:30ч Концерт со Ирена Спасовска
Локација –Средсело с.Градешмица
__________________________________________________________________________________
02.08.2019. Концерт со Стојне Николова и Бобан Мојсовски
20:00Ч
Локација-Средсело с.Градешница
___________________________________________________________________________________
04.08.2019. “ФОЛК ВЕЧЕР СО ЕЛЕНА ЈОВЧЕСКА “
21:00ч Целовечерен концерт на Елена Јовческа
Локација-Летна сцена с.Добромири
____________________________________________________________________________________
21.08.2019. ФЕСТИВАЛ –“ИЗБОР НА ЛЕТЕН ФОЛК ХИТ НА МАКЕДОНИЈА
21:00ч мини концерт со Јордан Митев
ЗАТВОРАЊЕ НА КУЛТУРНО-ЗАБАВНО ЛЕТО НОВАЦИ 2019