АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жаклина Наумовска е избрана за нов секретар на ОО на СДСМ Битола, додека Александар Дракуловски за организационен секретар на партијата во Битола. Ова се новите соработници на првиот човек на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски, кој неодамна ја доби довербата од лидерот Зоран Заев да раководи со општинската организација во Битола.
Наумовска долги години е активен член на партијата, а на битолската јавност и е позната како актуелен советник во Советот на Општина Битола.
Синоќа во партиските простории во Битола се одржа изборна конференција на која присуствуваше новиот генерален секретар, Љупчо Николовски.
На изборната конференција беа избрани членовите на новиот Извршен и Надзорен одбор.
Во новиот состав на Извршниот одбор влегуваат 18 членови мегу нив Панде Богоевски, директор на ЈКП Комуналец, Весна Спиркоска, директор на Здравствениот дом, Зоран Дојчиновски директор на јавното претпријатие кое ќе управува со паркинзите, Димитар Пипилевски, директор на школото во Бистрица , Бисера Костадиновска Стојчевска професор на Педагошки факултет и Цветe Димитриевска, професор на Техничкиот факултет во Битола.