АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На вчерашната седница пред советниците на Советот на Општина Битола се најде одлуката за покачување на платите на сите вработени во градинките за 16 проценти. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска ја поздрави одлуката за зголемување на платите, но сепак рече дека ова покачување вработените нема да го почувствуваат.
-Јас го поздравувам покачувањето на бодот кај вработените, но сакам да прашам каде е просечната плата од 500 евра? Дали знаете колку чини бензинот откако сте вие дојдени на власт? Дали знаете колку намирници се поскапени? Ќе ви кажам еден пример, мастиките Орбит беа 25 денари 10 години, сега се 30 денари. Сега таа плата која вие се фалите дека ја зголемувате ќе оди за плаќање на карта за превоз на некоја што работи во една од градинките, а живее Оризари, затоа што ги покачивте картите, го покачивте бензинот за еднаш до Скопје да одат, го покачивте кромидот, компирот, така што не се фалете многу, направете ја просечната плата 500 евра, па после фалете се, им рече Лозановска на советниците од владеачкото мнозинство на вчерашната седница на Советот на Општина Битола.