АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Женска обредна поворка „Водичарки“ од селото Беранци прогласена е за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, објави Владата на Р.С.Македонија во Службен весник.
„Водичарки“ се фолклорно добро од типот на народна музика и танци, тип на обредни ора и женски поворки. Водичарките се автентични и не се среќаат на друго место во државата. Нивниот танц и обредните песни се карактеристични и се практикуваат за празникот Богојавление. Сега со прогласувањето за културно наследство им се овозможува создавање на услови за опстанок на обредот кој во себе ги обединува црковните и народните обичаи и претставува маркетинг пример за културна симбиоза помеѓу различните културни слоеви, се вели меѓудругото во описот во Службен весник. Сега за “Водичарките“ се утврдува и режим на заштита од прв степен. Чување, документирање, собирање на податоци и слично.
-Донесена одлука на Влада на Република Северна Македонија,"Водичарки"с.Беранци ,општина Могила,прогласени за нематеријално културно добро за културно наследство од особено значење,поткатегорија големо значење, објави градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.