2win800x200

Реакција на опозициските советници на пресот на ЈП Комуналец

Јули 24, 2019

Советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија” за  средбата со директорот на ЈП Комуналец го изнесоа својот став уште вчера, ама очигледно во збунетоста и паниката директорот неразбрал добро, па еве да повториме: на средбата едногласно и од советниците на опозицијата, но и од власта беше констатирано дека во градот состојбата со хигиената и одржувањето на зеленилото и јавните површини е во хаос и дека во тој поглед мора под итно да бидат преземени конкретни чекори и мерки, се вели во реакцијата на опозициските советници.

-“Во градот просто извира ѓубре” - завршен цитат.  Срамно и во најмала рака за граѓаните на Битола е лицемерно после скоро две години да признаваат немоќ, со што го потврдуваат своето незнаење и неработење, обидувајќи се да го покријат со некави средби со советниците.Срамно и жално е по две години да не им се јасни надлежностите, актите, правилата и прописите и едноставно да не се во состојба да го исчистат ѓубрето во градот, велат советниците на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија”.

Во  јавното претпријатие „Комуналец“ вчера се одржала средба на советници од Општината, на која присуствувале претставници на советничкото мнозинство и опозицијата, додека поради користење на годишен одмор своето отсуство го најавиле советниците од граѓанската иницијатива „Поинаку“, соопшти денеска директорот Панде Богоевски.

Тој рече дека ЈП „Комуналец“ е поготвен да им пружи рака на граѓаните за сите иницијативи во сферата што тие ја покриваат, но при тоа да бидат информирани зашто во комунланата сфера не смее да има безредие.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани