2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Новото лед осветлување ќе донесе годишна заштеда од 200 илјади евра само од главните сообраќајници

Септември 05, 2019

Новото лед улично осветлување во Битола, ќе заштеди над 200 илјади евра само од главните сообраќајници во градот. Јавното претпријатие  „Комуналец“  кое е надлежно за уличното осветлување, досега ги замени старите натриумови и живини светилки, со нови лед светилки  на улицата „Васко Карангелевски“. На денешната видео презентација во Општина Битола, беше посочено дека на оваа улица во должина од 830 метри  се поставени 91 арматура со лед сијалици. Заштедата на годишно ниво, само од една сијалица е околу 100 евра. Од сите светлечки арматури, заштедата е околу 9000 евра на годишно ниво, само на улицата „ Васко Карангелевски“.

-Поради големите трошоци за електрична енергија во делот од уличното осветување, Општина Битола постепено ги исфрла од употреба постоечките типови на светилки (натриумови и живини светилки ) и врши замена со лед светлечки светилки. Со примена на лед технологијата во делот од уличното осветлување, се добива заштеда на електрична енергија и до 70 %, а со тоа и поврат на инвестицијата.  Со поставувањето нa лед осветлувањето во делот на сообраќајниците и локалните патишта во зоните на живеење, дополнително се инвестира во енергетската ефикасност на системот за улично осветлување, а при тоа граѓаните ќе имаат придобивки и во однос на социјалната и сообраќајната безбедост, рече градоначалничката Нташа Петровска.

Ќе следи процес на целосна замена на светилките во неколку населби и главните сообраќајници, а потоа и уличките во централното градско јадро.

-На почетокот ќе започнеме на промена на сегашните светилки со лед светилки на поголемите сообраќајници, а во наредниот период продолжуваме со замена во помалите улици, а во прв план се населбите „Ремо“, „Стрелиште“ и “Карпош-Кланица“, улицата „Смилевски конгрес“. До крајот на оваа година се надеваме дека со поддршка од Општината ќе поствиме вакво осветлување на улиците „Булевар 1ви Мај“, на потег до „Јавор“, потоа продолжувмае до Дулие, а во следна фаза ќе започнеме со замена на светилките на улицата „Партизанска“, „Прилепска“, „Едвард Кардељ„. Паралелно ќе работиме и на замена на светилки во помалите улици. Почнуваме од централното градско подрачје, а очекуваме до Нова Година да бидат замениети од 500 до 800 такви сијалици. По замената на осветлувањто на населбите што ги споменав, преминуваме на центарот на градот, односно уличките над и под Широк Сокак, а посебен акцент ќе сатвиме на установите, односно градинки, училишта каде има реална потреба од поставување на вакви светилки, рече директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.

Во Битола има 2000 светилки кои што треба да бидат заменети, но Богоевски вели дека тоа е сложен процес што ќе бара повеќе време, а за да се забрза можно е да бидат вклучени и други правни субјкети. Паметното осветлување има вклучено самопрограмирање, односно се прилагодуваат спрема улвите и во различен период од ноќта има различен интензитет на светлина, а лед светилките имаат 3 пати поголемо трајност од постоечките. Во следната фаза пак кога комплетно ќе се имплементриа програмата, информациите за дефект или замена на светилки автоматски ќе пристигнуваат до ЈП „Комуналец“.

-Нашата заложба беше уште од стартот да зпочнеме со инвестирање во висока технологија во лед осветлување, таканарено паметно осветлување Во следна фаза ние ќе ги извадиме орманчињата за уличното осветлување од главните трафостаници, одноно тарнсформаторите на ЕВН и оние воздушно посатвени кабли ќе ги спуштиме под земја, по што ќе поставиме командни ормари и преку WI-FI сигнал секоја светилка во градот ќе испраќа сигнал до командниот ормар, а од таму пак до командниот центар кој ќе биде сместен во ЈП Комуналец. Вработените со апликација на мобилниот телефон ќе имаат сознание каде и какво тип на дефект има во уличното осветлување. Ова е голема и напредна технологија, голем процес, а ние ќе се обидеме да го реализираме. Тоа не ќе може целосно да се имплементира во една година, но ќе се обидиеме то да го направиме што поскоро, рече Богоевски.

Сите понатамошни активности ќе се реалзираат од средсвата што ќе се заштедат од уличното осветлување, без оптоварување со кредити.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани