АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со училиштето за странски јазици „ Rosetta Stone“, Француската Алијанса Битола, ОУ „Гоце Делчев“ – Битола и „Сумнал“ – здружение за развој на ромската заедница заеднички ќе го одбележат Европскиот ден на јазиците со повеќе содржини кои го илустрираат значење на учење на јазици, промовирање на толеранција и соживот и развивање на социјална инклузија на младата генерација.
Издавачката куќа Топер по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците ќе и донира на битолската библиотека над 100 најнови изданија на најмалите читатели кои ќе бидат изложени во холот на библиотеката.
Настанот ќе се одржи на ден 26.09.2019 година (четврток) со почеток во 12 часот во просториите на Библиотеката.