АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола денеска започна 9-тото издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино”. Овогодинешното фестивалско мото е „Само за сонувачи”. Од 06 до 08 октомври најмладите од Битола ќе имаат можност да погледнат 6 детски театарски претстави со гости од Македонија но и Бугарија, Русија, Австрија, Египет.
Во рамки на фестивалот ќе се одржат вкупно девет настани. Фестивалот започна денеска со свечено отворање и дефиле на плоштадот Магнолија. и претстава со на првиот лиценциран детски бродвејски мјузикл „Ени Јуниор”. Се работи за проект на Здружението за инклузивно и неформално образование “Крео-Аксис” од Скопје а вечерва во салата на НУ Народен театар се одигра претставата „Перничеграфија” на Театарската школа Бабец.
Програмата на 07.10 (понеделник) почнува во 11 часот со театарската работилница „Само за сонувачи”. Во 18 часот ќе се изведе претставата „Тинејџер од внатре” во продукција на Marian Bachev & Arcadia Fusion art од Софија, Бугарија. Во 20.00 часот следува претставата „Кралица на боите” на театарот „Feurblau” од Грац, Австрија.
Фестивалот завршува во вторник (08.10). Истиот ден на програмата во 18 часот се гостите од El Mahrousa group од Гиза, Египет со претставата „Приказни од 1001″. Во 19.30 часот на програмата се нашите долгогодишни пријатели од Театарот на портите на Нарва од Санкт Петерсбург, Русија.
Влезот за сите претстави ќе биде бесплатен.