АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На рационално користење на водата за пиење повикува првиот човек на ЈКП Водовод -Битола , Горан Козаров поради сушата што изминатиот период го зафати регионот и најавува зачестени контроли за евентуална злоупотреба на водоводниот систем.
Козаров вели дека состојбата е загрижувачка, но претпријатието со сите расположливи ресурси ја контролира ситуацијата.
-Апелираме на заштеда и рационално користење на водата од градскиот водовод, контролите од наша страна се зачестени и секоја злоупотреба ќе се казнува, вели Козаров.
Директорот на ЈКП Водовод вели дека заради сушата се приближуваме кон алармантно ниво , тоа значи дека шеснаесет недели со ред се пумпа вода од Хидросистемот Стрежево, интензивно со три-четири пумпи. Квалитетот на водата е се уште добар,за што се вршат зачестени испитувања во Филтерницата за квалитетот на водата да биде на исто ниво како што треба да биде по сите светски стандарди.
А.Б