АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четворица вработени во МЕПСО биле пренесени на превентивни прегледи во битолската болница по пожарот што избувна вчера околу 14 часот во трафостаницата „Битола 2“, во атарот на Новаци. Лекарите констатирале лесни повреди и ниту еден од нив не е задржан на лекување, потврдија од МЕПСО
И во битолската полиција во попладневните часови на 5 ноември било пријавено дека при работни задачи во трафостаницата 400/110 kW – Битола 2 избувнал пожар во прекинувачот, при што била опожарена дел од опремата за работа. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
Поради дефектот во трафостаницата на МЕПСО, од електроенергестскиот систем испаднаа два блока на РЕК Битола, а од таму соопштија дека кај нив не се детектирани проблеми. Едниот блок во мрежа беше вратен синоќа, а другиот утрово и испорачуваат електрична енергиј согласно потребите, а филтрите се повтроно во функција, информираат од комбинатот.