АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
14 годишниот битолчанец Филип Димовски на Меѓународниот турнир во џудо „Прилеп опен 2019“ што се одржа во Прилеп на почетокот на овој месец, го освои второто место. На турнирот конкуренцијата беше голема зашто учество зедоа и натпреварувачи од Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска и сите клубови од Македонија.
Инаку Филип тренира џудо скоро 9 години, поточно од неговата петта година во Џудо клубот „Пелистер“ Битола кај еден од најдобрите џудо мајстори Ѓуро Илич. Тој е ученик во деветто одделение во ОУ „Трифун Пановски “ во Битола. За сите овие години напорно третирање има освоено 14 медали. Воедно, беше избран за спортист на Битола за 2018 во категоријата на младинци и во Најуспешни битолчани за 2018, награда што ја доделува „Битолски весник’’. Филип исто така тренира и фудбал за ФК „Пелистер’’ генерација 2005, како и во фубалскиот ученички клуб на негово училиште.
На Меѓународниот турнир во Прилеп со бронзени медали се закитија и Стефан Богичевиќ и Никола Стојковски.
Ж.З.