АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дебати за антикорупција, и за активна борба против корупцијата, работилница –Имам право да го кажам своето мислење, квиз –Правата на децата и нивните обврски, спортски натпревар-Играта е мој свет– Имаме право на игра беа дел од активностите во кое денеска учествуваа учениците и наставниците од ОУ „Гоце Делчев“-Битола.
Сите подеднакво ја покажаа својата креативност, вештини и знаења, стекнати во наставата на „Отворениот ден за Граѓанско образование“. Носители на активности за поттикнување на демократска клима во рамките на новиот концепт за Граѓанско образование беа учениците од 9 одделение.
-Поттикнување на учениците да размислуваат за значењето и примената на она што го учат, во секојдневниот живот. Практикување на демократско однесување на учениците преку спроведување конкретна акција за позитивна промена во средината. Практикување и почитување на правата на децата. Учениците се чувствуваа пријатно на училиште, чувствуваат дека се слушнати и нивните идеи се вреднувани. Чувството на припадност кон училиштето (како заедница) се зголемува. Се подобрува мотивацијата за учење и училишниот успех, рече, директорката на ОУ „Гоце Делчев“-Битола, Биљана Стојковска.