АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претставата „Жени“, документарен театарски проект по текстови на жени болни од рак, во режија на Софија Ристевска Петрушева, продолжува да ја полни салата во „Интимен театар“ во Битола. Ова е трет месец како се прикажува, а интересот не спласнува. По синоќешната изведба наградена со овации, претставата ќе се игра и овој петок со почеток од 20 часот во Интимен театар. Во „Жени“ играат трите најодважни кои го победија ракот и предрасудите, па јавно проговорија за битката со оваа тешка болест- Невена Стерјова, Трендафилка Киклевска и Катерина Петровска.
(Фотографија од храбрите жени, учеснички во претставата)
Инаку, претставата е работена по автентични случки и текстови на жени болни од рак, но користени се и авторски текстови на Билјана Крајчевска, како и текстови од „Три сестри“, на А.П.Чехов. Ова е жив театар кој зборува отворено за проблемите на најголемиот дел од жените во Битола кои водат лавовска борба со оваа опака болест.
„Иако сме во 21 век, темата која ја претставивме, борбата со ракот, се уште е табу тема. Ние, што некои не нарекуваат ‘глумци’, иако по вокација не сме тоа, сепак сме активни актери во борбара со ракот. И верувајте, многу храбро се носиме со тоа“, велат жените од претставата.
Инаку, целта на овој театарски проект е да се подгигне свеста за редовни прегледи и брзо дијагностицирање на болеста која има епидемски размери, посебно во Пелагонискиот регион.
Ж.З.