АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со цел да се поттикне учеството на учениците во училишниот живот, да се подобри животот во училишната заедница и да се поттикне демокртската клима се организира Ден посветен на граѓанското образование во Годишната програма на училиштето ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола.
Со реализирање на овие активности се планира да се поттикне иницијативноста кај учениците, а тие да стапуваат во активен однос во решавање на некои проблеми од училишниот живот. Од учениците се очекува да го лоцираат проблемот, да изготват решенија, да ги презентираат и да ги реализираат.