2win800x200

Од денеска „Недела на шпански филм 2019“ во Центарот за култура во Битола

Ноември 26, 2019

Од вечерва започнува „Недела на шпански филм 2019“ во Битола организирана од Амбасадата на Кралството Шпанија во соработка со НУ Центар за култура Битола.
Неделата на шпански филм ќе биде отворена со филмот „КАКО ДА СЕ БИДЕ НОРМАЛНА ЛИЧНОСТ “ на 26.11.2019 г. со почеток во 20.00 ч. во малата сала.
На отворањето на филмскиот циклус ќе претходи отворање на изложба на фотографии „Шпански градови со светско културно наследство“ со почеток во 19:00 ч. во фоајето на НУ Центар за култура Битола.
Изложбата и филмскиот циклус ќе бидат отворени од страна на
Н.ЕЕмилио Лоренцо Сера, Амбасадор на Кралството Шпанија. 

Изложбата ќе биде поставена во фоајето на НУ Центар за култура Битола до 08 декември 2019 г.

ПРОГРАМА НА ФИЛМСКИОТ ЦИКЛУС:

26.11.2019 – 20:00 ч - КАКО ДА СЕ БИДЕ НОРМАЛНА ЛИЧНОСТ
27.11.2019 – 20:00 ч - КИНЕСКА ПРИКАЗНА
28.11.2019 – 20:00 ч - АПОСТОЛ
29.11.2019 – 20:00 ч - ДОЖДОТ ИСТО ТАКА
30.11.2019 – 20:00 ч - ЦРН ЛЕБ
01.12.2019 – 20:00 ч - МАРТИН (ЈУНИОР)
02.12.2019 – 20:00 ч - ЖИВОТОТ ПРОДОЛЖУВА

Филмовите се со македонски превод и ќе се прикажуваат во малата сала. Влезот е слободен.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани