АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска даде отчет за една година директорување со оваа значајна културна институцијата за градот.
-Вработени се шест нови луѓе, а после 38 години набавена е нова современа миксета за светло каква што нашиот Центар за култура заслужува и тоа од сопствени средства, рече таа.
Андоновска е задоволна од постигнатите резултати наведувајќи дека после 10 години расипан агрегат заедно со Театарот го поправиле, што е од важност за безбедноста на посетителите на Центарот. Од сопствени средства Ценатрот направи и нова билетара, а на истиот начин се реализирани и дел од гостувањата.
-Се навршуваат 365 дена од моето назначување како директор на Центарот за култура во Битола и би сакала да дадам еден мал отчет што сме сработиле во една година. Реализирани се три интернационални фестивали (Илинденски денови, Музика од светот и Фестивалот на монодрамата). Со донација на ЕУРОИМАЖ се набавени нови 400, 3 D - наочари и работата на 3 D киното е и понатаму со следење на сите филмски хитови и светски премиери, рече Андоновска меѓу другото.
Според неа и покрај поддршката од државата и општината, Центарот за култура добар дел од средствата ги обезбедува од работата на киното.
-Голем дел од приходите ни доаѓаат од киното, Центарот за култура работи добро и јас не се плашам од организација на големи фестивали. Со нови сили со исплатени сметки и без долгување на никој и кон никого продолжуваме да работиме кон нови успеси и нови фестивали, порача Андоновска.
Центарот за култура се подготвува за најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“.