АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на РСМ и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите.
Ремонтните активности на Блок 2 на РЕК Битола започнаа на 7 септември и за време на зафатот беше направен капитален ремонт на турбината, за првпат после осум години. Паралелно се одвиваше и првата фаза од реконструкцијата на разладната кула на постројката. Со тоа, зголемена е доверливоста и ефикасноста на Блокот.
По вклучувањето на Блок 2, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на РЕК Битола и производството од комбинатот ќе продолжи со Блок 2 и Блок 3, согласно планот за производство на АД ЕСМ и потребите на системот. Во моментов, електроенергетскиот систем на земјата има доволно количество на струја што ја обезбедуваат капацитетите на компанијата. Блок 1 на РЕК Битола ќе остане во состојба на “ладна резерва”, подготвен да биде вклучен во производствен процес во секој момент кога ќе има потреба електроенергетскиот систем на државата.
Во периодот од 01.01.2019 година до 02.12.2019 година, РЕК Битола од планираните 3.025 GWh произведе 3.252 GWh електрична енергиија, односно 108 проценти од планираното.