2win800x200

ОУ„Гоце Делчев“-Битола домаќин на стрип изложба „Помалку храна на депонија, а повеќе до домовите“

Декември 26, 2019

ОУ„Гоце Делчев“-Битола денеска  беше домаќин на стрип изложба на тема „Помалку храна на депонија, а повеќе до домовите“. Воедно се доделија и награди на најуспешните ученици кои учествуваа на објавениот стрип конкурс. Организатор на целиот настан и конкурс беше WSS Effect – Банка на храна МК.

-ОУ„Гоце Делчев“-Битола беше најмасовно застапено училиште на стрип конкурсот и промотор на идејата за банкарство на храна. А ликовниот педагог Кристина Стојанова е прогласена за најдобар ментор, изјави Јулијана Наумовска претставник од Банката за храна МК. Таа им ги додели наградите на најуспешните млади уметници и ментори од повеќе основни и средни училишта во градот.

Директорката на ОУ„Гоце Делчев“-Битола, Биљана Стојковска изрази задоволство што токму ова училиште е избрано за реализација на настанот.  

-Благодарност до организаторот за почеста која ни ја укажа и го одбра нашето училиште за домаќин на настанот. Благодарност и до Здружението Златно перо за ангажманот, мотивацијата и поддршката. Ние како училиште промовираме култура против фрлање  на храна. Ги мотивираме учениците за хумани акции, донирање на вишокот храна. Го јакнеме ентузијазмот кај сите преку слободно и креативно изразување и многубројни акции и активности со цел нула глад на локално и глобално ниво, рече Стојковска.

80356342 456248218661818 8041047383708008448 n

80423566 598401254293452 3421476393735684096 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани