2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Промовирана книгата „Цивилното население во Битолско за време на Првата светска војна“ од д-р Мери Стојанова

Март 06, 2020

Книгата „Цивилното население во Битолско за време на Првата светска војна“ чиј автор е д-р Мери Стојанова, денеска беше промовирана во битолскиот Завод и Музеј. Во книгата се содржани податоци од истражувања од педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, како и авторски истражувања на Стојанова во Битолско, Преспа и Струмичко.

– Една од причините за избраната тема е тоа што можеби за првпат е направено едно поголемо истражување за секојдневното живеење на цивилното население во Битола и Битолско, за разлика од тоа што оваа тема била третирана многу повеќе од историски и политички аспект во изминатте 100 години по завршувањето на Првта светска војна. Во оваа книга влегуваат податоци од истражувања што ги правеле мои колеги во педесеттите и шеесеттите  години од минатиот век, но и мои истражувања на територијата на Битолско, Преспа и Струмичко, а тие зборуваат за сите социјални и општествени промени кои се случувале во секојдневното живеење, промена на народните носии, промена на социјалните односи во рамки на семејството, преселби и враќања во родните села што биле долж линијата на фронтот и други податоци кои имаат одраз и влијание и ден денес, рече авторката д-р Мери Стојанова.

Промоторот Љупчо Ристески од Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ-Скопје, порача дека институциите треба да го истражуваат секој временски период низ призмата на животните приказни од секојдневието на луѓето.

– Ова дело е значајно за јавноста бидејќи претставува една од ретките етнолошки и антрополошки студии кои се однесуваат на проблематика од периодот на Првата светска војна. За жал, во нашата држава долго време не постоеја студии, а можеби и кадри кои би се занимавале со ваква проблематика, а и тие што постоеја сметаа дека темата не е со приоритет затоа што долг период во македонската историографија.  Првата светска војна беше несоодветно третирана. Ваквиот приод остави простор да се манипулира со прашањата, а животните приказни останаа да се третираат како недоволно валиден извор за информирање и отсликување на животот на населението во тоа време, рече  Ристески.

За рецензентот д-р Александар Литовски, книгата на д-р Мери Стојанова „Цивилното население во Битолско за време на Првата светска војна“ е значајнаи  од историографски апскет,

- Првата светска војна е еден од клучните настани во таа делба и черечење на Македонија и од тој аспек е многу значајно што Мери Стојанова и антрополозите   се зафаќаат на еден почовечки начин, а не оној политички, да укажат   за тие делби и поделби на Македонците во страшно лоши и ужасни времиња како што е Првата светска војна. Во таа смисла е многу добро што Битола, каде минуваше фронтот во Првата светска војна, има еден истражувач како Мери, рече Литовски.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани