Webp.net gifmaker

Битолска Млекара предвреме го плати данокот од добивка и донираше во Битолската болница

Април 04, 2020

Битолска млекара изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари, со надеж и верба дека на тој начин ќе придонесе кон ублажување на последиците од вонредната ситуацијата настаната поради пандемијата на КОВИД 19. 

Истовремено,  беше донирана и финансиска помош на Клиничката болница Битола за набавка на два пациент монитори, потребни за подобрување на болничките капацитети во справување со КОВИД 19.  Во изминатиов период беа донирани и производи за најранливите групи граѓани во Битола коишто преку Црвениот Крст Битола ќе бидат распределени според потребите и евиденциите на локалната канцеларија за хуманитарна помош. 

“Во период кога целото општество се соочува се една ситуација која за сите нас носи бројни непознаници, треба да ја покажеме нашата одговорност кон заедницата. Во овие моменти потребно е да делуваме заеднички и да покажеме единство со сите државни и општествени процеси. Во тие рамки ја ставаме и грижата за локалната заедница и реагираме соодветно за да помогнеме онаму каде има потреба. Упатуваме и апел до нашите сограѓани да се заштитат, да останат дома и да бидат безбедни, за оваа криза побрзо да помине“, изјавија од Бимилк.

За Клиничката болница од Битола оваа донација е значајна и доаѓа во вистински момент. “Оваа помош од Битолска млекара доаѓа во навистина важен момент и значително ќе ни помогне во зајакнувањето на нашите капацитети во дадената ситуација. Се надевам дека и другите стопански субјекти во градот ќе го следат примерот на Битолска млекара во општествената одговорност”, изјави д-р Билјана Гагачовска, директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Во новонастанатата ситуација Битолска млекара целосно се раководи и ги почитува препораките за заштита и превенција упатени од Министерството за здравство, и во однос на своите вработени, соработници и во однос на производите. Во исто време со примена на сите превентивни мерки воспоставено е континуирано и непрекинато производство и достава на производите до сите делови од државата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани