АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска со активисти од општината претпразнично за започнаа акцијата за засадување на 1000 багремови садници за атарот на селото Беранци се до патот за манастирот "Свети Јован Крстител". Садниците ги донираше РЕК Битола .
-Во текот на вчерашниот ден заедно со помал дел од месното население во селото имавме ЕКО акција.
Благодарност до РЕК Битола за донираните 1000 садници за ова село. Некои сечат бесправно, ние пошумуваме. Има разлика, вели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.